На 30.03.2013г. во средното стручно училиште Коле Неделковски - Велес се одржа Регионален натпревар по Географија за основните училишта од општините Велес, Чашка и Градско. Од нашето училиште на натпреварот учествуваше ученичката Даниела Василевска под менторство на професор Коста Шупевски и го освои ПРВО МЕСТО со освоени 92 поени од 100.Даниела Василевска се стекна со право на учество на Државниот натпревар по географија што ќе се одржи на 13.04. 2013г. Честито и нека е со среќа во иднина!
-
- Во организиација на ELTAM Асоцијација на наставници по англиски јазик и книжевност на Република Македонија на 30.03.2013 во Гимназија Кочо Рацин се одржа Регионален натпревар по англиски јазик за основни училишта. Ученичката Кимовска Елена 8 одд. од ООУ Благој Кирков го освои 2 – то место под менторство на наставничката по англиски јазик Василка Јанева.Честитки со желби за понатамошни успеси!
На 13 и 15 Март, Учениците од IVа, Vа, Vб, VII a (9), VIIб и VIIв беа дел од проектот на невладината организација Мало Мовче-Велес, каде беа разработени темите: Мамење (предрасуди) и Идентитет. Учениците, преку игри и вежби, сами ги извлекоа одговорите на прашањата : Колку добро вие самите себе си се познавате? Колку добро ги познавате вашите соученици? И како ги прифаќате „поинаквите“? За време на работлниците со едукативен карактер, учениците изјавија дека освен тоа што поминале интересни два часа, поуките од секоја игра ќе им помогне во понатамошнат комуникација и однос со другите.
следете не на :