Нашиот патрон Благој Кирков роден е на 23.03.1923 година во Велес. Произлегува од
стара трговска фамилија. По за вршувањето па основното училиште, обра
зованието го продолжува во велешката гимназија. Во гимназијата се
дружи со нап- редни младинци. Како ученик во IV клас, членува во
илегалното друштво „Правда", кое водело борба против големосрпскиот
образовен режим во гимназијата. Во 1938 година станува член на СКОЈ, а
набрзо по тоа е избран во СКОЈ -евското раководство на
гимназијата. Тука достатно се ангажира во организирањето на читачки
групи по класовите кои имале задача да читаат и проучуваат марксистичка
и друга напредна литература. Меѓутоа, откриен од властите дека се
занимава со прогресивна дејност, во февруари 1941 бил исклучен од
гимнази јата.Доаѓањето на бугарските окупаторски војски во Македонија,
Благоја го затекнува во родниот град. Со отворањето на велешката
гимназија во есента 1941 година, се запишува и го продолжува своето
образова ние како осмокласник. Како член на СКОЈ-евското раководство во
гимназијата, Благоја Кирков во текот на 1941 и 1942 година раководи со
акциите против носењето на бугарски ученички униформи, зборува њето на
бугарски јазик и сл. Покрај тоа, во овој период тој достатно се ангажира
и во формирањето на СКОЈ-евски активи по класовите. Тој е еден од
главните организа тори на штрајкот на учениците од гимназијата до март
1942 поради што, со уште че творица гимназијалци, бил исклучен од
гимназијата. Но тоа не го заплашило. На против, тој работи уште
позасилено меѓу учениците за тие да не се исплашат од за коните од
властите и да истраат во своите барања. Успешно завршување на
тридневниот штрајк ја покажало цврстината на учениците во борбата против
неправдите вршени од школските власти, за што голе ма заслуга има
Благој Кирков. Поради оваа своја револуционерна СКОЈ-евска дејност, во
почетокот на есента на 1942 година, бил избран за член на МК на СКОЈ во
Велес, Во истото време, по добивањето на покана та за одење во
бугарската војска, верен на линијата на Партијата и СКОЈ-от наместо во
војска, во почетокот на септември 1942 Благој заминува во редовите на
Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов". Во одредот станува борец
на Првата чета. Во неа, по добиените борбени задачи дејствува во реонот
од левата страна на р. Тополка, на север кон Скопје. Учествува во напади
те на с. Количани, Алданци, Палиград и д руги места, од септември и
октомври 1942. Во почетокот на декември таа година, со цел да се
избегнат бугарските потери, со една група борци Благоја требало да зами
не за Скопска Црна Гора. Меѓутоа, по не успешниот обид да се префрли на
тој терен вo почетокот на јануари 1943, во близина та на с. Зелениково,
Скопско, тој и групата наидуваат на заседа. Во борбата што се развила со
бугарската војска и полиција, тој бил ранет. Во обидот да се префрли во
Велес на лекување, иако ранет, без очила, што ги изгубил во текот на
борбата, успеал да помине повеќе десетици километри и да дојде до с.
Горно Оризари, Велешко. Меѓутоа, во с.Оризари бил поткажан на бугарската
полиција, која го фатила и на 9 јануари 1943 ѕверски го убила.
Посмртните останки му се погребани во Споменкостуриицата во Титов Велес.
следете не на :