Основна цел на секое
училиште е градење на високо ефективно училиште. Меѓутоа, неговата ефективност
не е крајно достигнување, туку преставува процес на постојан развој во кој е
потребно да се вложува континуиран напор од сите субјекти. Подобрувањето на
работата на училиштето претставува обврска и одговорност на сите негови
партиципиенти насочена кон подобрување на квалитетот на учењето. „Како да ја
постигнеме заедничката цел?“ - Секако, единствен пат е нашата заедничка визија
за што поефективно училиште.
Во суштина, процесот на
визионирањето преставува обид да се антиципира можната иднина со цел преку
акциите во сегашноста да се влијае на случувањата во иднина. Со вкупниот процес
на визионирање всушност пошироко се осмислуваат промените. Визијата е вистински
споделена кога ти и јас имаме иста „слика во главата“ и кога таа е во
согласност со „сликата“ што некој друг ја има индивидуално. Споделената визија
е визија која луѓето навистина ја сакаат бидејќи ја вклучува и нивната лична
визија. Нашето училиште настојува да изгради заедничка визија со постојано
охрабрување на членовите на колективот да изградат сопствена визија.Всушност
неминовна е потребата од операционализирање на нашето работење, дефинирање на
она што сме спремни да го направиме и секако да се најде соодветен начин како соработниците и
околината да ја подржат промената и да се вклучат во нејзина успешна
имплементација
СОВРЕМЕНО да ги следи развојните
определби на образовниот систем во кое учењето ќе се разбира како сопствена
потреба
ЕФЕКТИВНО да ги исполнува
поставените цели
АТРАКТИВНО и привлечно за учениците и
родителите во кое ќе се создадат позитивни вредности
БЕЗБЕДНA и стимулативна средина, место каде со
задоволство ќе престојуваат сите
УРЕДЕНО и пријатно место по мерка
на сите
КВАЛИТЕТНО во кое учениците ќе
стекнат квалитетни знаења, компетентни за нивниот иден развој
следете не на :